Почина морнар од американскиот носач на авиони заразен со коронавирус

Морнарот од американскиот носач на авиони „Theodore Roosevelt“ починал во понеделникот од компликации предизвикани од зараза со новиот тип коронавирус, на пацифичкиот остров Гуам, каде што е вкотвен делумно евакуираниот носач со пациенти со Covid-19, објави американката морнарица.

Морнарот, чијшто идентитет и возраст не се откриени, е пронајден во петокот без свет во текот на дневниот медицински рпеглед во установа ставена на располагање на екипажот на носачот на авиони. Бил префрлен на оддел за интензивна нега во болница на островот, но починал, го цитира агенцијата Reuters соопштението на воената морнарица на САД.

Се додава дека станува збор за првиот починат морнар од носачот на авиони „Theodore Roosevelt“. Вкупно 585 луѓе се заразени на пловилото вкотвено кај островот Гуам во Тихиот Океан. Околи 4.000 до 4.600 морнари се преферлени на копното. Според објавата на веб-страницата на американската морнарица од неделата 12-ти април, заразени се 550 членови на екипажот се заразени. Кај уште 3.673 морнари тестот на коронавирусот бил негативен.

Американскиот носач на авиони стана тема на светските медиуми откако неговиот капетан Брет Крозиер на 31-ви март испрати писмо до надредените барајќи помош поради епидемијата на бродот, откако пловилото беше вкотвено на 27-ми март поради ситуацијата со епидемијата. Кога писмото стаса до медиумите, Крозиер беше сменет.

Медиумите истакнуваат дека тој имал право во врска со димензиите на епидемијата и подоцна и самиот бил позитивен на тестирањето на коронавирусот, а морнарите со аплауз го испрателе кога последен пат го напуштал бродот.

Командантот на американската морнарица Томас Модли минатиот понеделник го искара Крозиер и го нарече „премногу наивен и глупав“ за да биде капетан на носач на авиони. Тоа не мина најдобро во јавноста, па Модли во вторникот поднесе оставка.