Денеска, на 14 ноември 2021, на 93-годишна возраст, почина долгогодишниот новинар Свето Серафимов, кој ја стави последната точка на неговата животна приказна.
Серафимов е роден во Тетово, на 19.07.1928 година. Станал новинар и преведувач. Од 1950 г. целиот свој работен век го минал како уредник и коментатор во Културната и во Надворешно-политичката рубрика на „Нова Македонија“. Постојан дописник бил од Атина и од Бејрут и известувач од многубројни настани во светот. Плоден преведувач на значајни дела од англиски јазик.