Почина полскиот војник избоден од мигранти на границата со Белорусија

Полски војник почина во четвртокот попладнето ден откако беше избоден со нож на границата со Белорусија од мигранти кои се обидуваа да преминат во Европската унија, соопшти војската, додека Варшава соопшти дека ќе бара екстрадиција на лицето одговорно за неговата смрт од Белорусија.

Границата со Белорусија е жариште на мигранти кои почнаа да се натрупуваат таму во 2021 година, откако другите рути кон Западна Европа беа запрени. Европската унија твди дека тоа е потег на Минск велејќи дека тој е навеодно создаден за да создаде криза во ЕУ. Белорусија ги отфрла обвинувањата дека помага да се насочат мигрантите кон полската граница и појаснува дека станува збор за движење на мигранти и бегалци од земјите во Азија, Блискиот исток и Африја привлеквуани од мигрантските политики на ЕУ/

Полскиот војни бил избоден од мигранти кои се обидувале да ја преминат границата на крајот на мај. Војската соопшти дека тој починал во четвртокот.

„И покрај укажаната помош на местото на криминалниот напад на границата со Белорусија и напорите на лекарите, неговиот живот не можеше да се спаси“, се вели во соопштението.

Во последниве седмици има зголемување на бројот на мигранти кои се обидуваат илегално да ја преминат границата со Полска, а граничарите пријавиле голем број насилни инциденти.

„Бараме белоруските власти да го утврдат идентитетот на овој убиец и да го предадат на полските власти“, изјави министерот за надворешни работи Радослав Сикорски чија земја веќе е оптоварена со илјадниците бегалци од војната во Украина.

Додаде дека протестната нота ќе биде доставена до белорускиот вршител на должноста подоцна во четврток. Полска неодамна објави планови за зајакнување на границата и повторно воведување тампон зона од 200 метри.

Белорусија со години ги обвинува полските власти, кои на границата распоредија и британски единици, дека нехумано се однесуваат кон мигрантите, оставајќи ги во острите зими да се смрзнуваат во шумите, а извести и за некои случаи на убиства и претепувања на мигрантите и нивно насилно враќање на белоруска територија и откако ќе бидат октриени длабоко во Полска.