Почина поранешниот ирански претседател Бани-Садр

Абдолхасан Бани-Садр, првиот ирански претседател по исламската револуција во 1979 година кој набрзо потоа побегна во егзил во Франција, почина во саботата во Париз на 88-годишна возраст.

Бани-Садр умрел во болницата „Ла Пти-Салпетрие“ во Париз по долго боледување, објави неговото семејство на неговата официјална интернет страница.

Бани-Садр стана првиот ирански претседател во јануари 1980 година со поддршка на исламскиот клер. Но по борбата за моќ со радикалните влијателни свештеници веќе следната година побегна во Франција, каде што го мина остатокот од својот живот.

Неговото семејство сака да биде погребан во Версај, предградието на Париз, каде што живеел.

Во интервјуот за агенцијата Reuters во 2019 година, рече дека ајатолахот Рухолах Хомеини ги предал начелата на револуцијата откако ја презема власта во 1979 година, додавајќи дека тоа оставило „многу горчлив вкус во устите“ на некои од оние кои триумфално со негова се вратија во Техеран.

Тогаш рече и дека 40 години претходно во Париз бил убеден дека раволуцијата на Хомеини ќе го отвори патот кон демократијата и човековите права по владеењето на иранскиот шах.

„Бевме сигурни дека верскиот лидер е доследен и дека сите тие принципи ќе се остварат првпат во нашата историја“, рече Бани-Садр во тоа интервју.