Почина италијанскиот мафијашки бос 61-годишниот Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари откако мина 30 години во бегство, објави во понеделникот новинската агенција Ansa.
Месина Денаро во моментот на апсењето боледуваше од рак на дебелото црево. Бидејќи неговата состојба се влошила во последните седмици, тој бил префрлен во болница од затворот со максимално обезбедување во централна Италија.
Денаро не побарал агресивен медицински третман, објави Ansa, додавајќи дека лекарите престанале да го хранат откако било прогласено дека е во неповратна кома. Токму неговата одлука да започне лекување резултираше со негово апсење по посетата на клиниката во главниот сицилијански град Палермо.
По апсењето, Денаро шест пати по ред беше осуден на доживотен затвор и затворен во максимално обезбедуван затвор во Аквила каде според достапните информации продолжил со лекувањето.
Познат по прекарот Дијаболик, име на криминалец и протагонист на познатиот италијански стрип чиј обожавател бил и самиот, Матео Месина Денаро беше долгогодишен шеф на Коза Ностра во западната сицилијанска провинција Трапани, иако неговата моќ се прошируваше и на Палермо.
За него вежаи мнението дека бил безмилосен убиец и последен претставник на старата гарда на Коза Ностра. Во 1992 година, тој беше дел од групата мафијаши испратени во Рим од тогашниот мафијашки бос Салваторе Риина (1930/2017) за да го убијат судијата Џовани Фалконе, познат борец против мафијата. Тие успеаја во бомбашкиот напад од 23-ти мај таа година на автопатот во близина на Палермо. Матео Месина Денаро исчезна во летото 1993 година и стана најбараната личност во Италија.
Во годините што следеа интензивно се трагаше по него. На крајот беше утврдено дека тој престојувал недалеку од родниот град Кастелветрано во западна Сицилија. По долгогодишно прислушување на членовите на неговото семејство и пријателите, полицијата на крајот го пронајде Денаро и го уапсила во приватна клиника во Палермо каде дошол на редовен медицински преглед.