Почина скопјанец во бизарна несреќа на патарината Миладиновци

Ноќеска во 1:30 часот во полиција било пријавено дека на автопатот Свети Николе – Скопје, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(58), застанало и Б.К. излегол од возилото.

Во еден момент возилото се придвижило наназад и со задниот дел го притиснало Б.К. во банкината на патот, по што починал на местото на незгодата, соопштија од МВР

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.