Славниот чешки режисер, оскаровецот Јиржи Менцел, починал вчера во 82-та година од животот, по подолга болест со тешки здравствени проблеми, соопшти неговата сопруга.
Менцел 1968-та година го доби оскарот за најдобар странски филм за “Строго контролирани возови”, екранизација на романот на чешкиот писател Бохомил Храбал.
Менцел беше еден од главните автори на чешкиот нов бран во текот на 60-тите години од минатиот век, заедно со Милош Форман и Јан Немец , но за разлика од нив не ја напушти поранешна Чехословачка, по инвазијата од Советскиот Сојуз, 1968-та година.
Неговиот филм “Птици на жица” 69-тата година беше забранет во државата а по падот на комунизмот ја доби и престижната Златна Мечка на филмскиот фестивал во Берлин.
Овие два филма како и делата “Моето слатко мало село” и “Му служев на англискиот крал ” беа снимен според романите на Храбал.
За деценискиот пријателство со писателот, Менцел велеше дека го вреднувал повеќе од сите награди и медали кои ги освоил за филмовите.