Славниот американски пејач Кени Роџерс, трикратен добитник на престичната музичка награда Греми, почина во петокот доцна ноќта на 81-годишна возраст во својот дом во Сенди Спринг во Џорџија, објави во саботата неговото семејство.
Пејачот „почина со природна смрт мирно во својот дом… опкружен од своето семејство“, се наведува во соопштението објавенона официјалната веб-страница на Роџерс.
„Семејството планира мало приватно испраќање во овој момент, поради загриженоста во врска со кризата во земјата предизвикана од коронавирусот“, се додава.
Кени Роџерс тргна на голема светска проштална турнеја во 2016 година, но во април 2018 година ги откажа последните некоку концерти поради „низа здравстени проблеми“.
Роџерс, кој трипати во кариерата беше наградуван со признанието Греми и е член на Куќата на славните кантри музичари, светската слава ја стекна со хитовите како „Тhe Gambler“, „Lady“ и особено со дуетот од 1983 година со Доли Партон – „Islands in the Stream“,
Исто така, Роџерс кој ги уживаше титулите супер-стар и икона на кантри музиката во 1970 и 1980-те години се појавуваше и како актер особено во телевизиски филмови, а е автор и на неколку книги.
https://www.youtube.com/watch?v=QmK6kWZNmLo