1.8 C
Skopje
сабота, ноември 23, 2024

Починаа 18 лица, а регистрирани се нови 389 случаи

Денес се регистрирани 389 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 212.220

Оздравени се 308 пациенти – пријавени се 18 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 2.633 тестирања, а регистрирани се 389 новислучаи на КОВИД-19:

Скопје – 179, Битола – 33, Штип – 25, Куманово – 20, Прилеп – 17, Охрид – 15, Кавадарци и Струмица – по 14, Кочани и Гевгелија – по 11, Струга – 7, Тетово и Велес – по 6, Неготино и Демир Хисар – по 4, Кичево, Свети Николе, Ресен и Делчево – по 3, Крива Паланка, Радовиш, Виница, Пробиштип и Кратово – по 2, Демир Капија – 1.

• Регистрирани сe 317 оздравени пациенти од: Скопје – 126,Прилеп – 42, Струмица – 26, Битола – 23, Куманово и Кочани – по 21, Неготино – 8, Пробиштип – 7, Кавадарци и Дебар – по 6, Охрид, Демир Хисар, Делчево, Виница и Пехчево – по 3, Валандово и Богданци – по 2, Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18починати лица: 7 починати лица од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49). Одпријавените сите лица се починати во болнички услови.

Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој

Термин, не се пријавени дополнителни починати лица.

• Направени се 2.633 тестови преку: ИЈЗ-178, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-80, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–27, ЦЈЗ Куманово-47, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0,ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–295,Жан Митрев (Филип Втори)-51, Авицена-96, Биотек-172, Систина-33, лабораторија Лаор-139, Синлаб-3, Ремедика-0, Плодност–43, Генеа-8, Никоб лаб-181, ВФВ Медикал-29, Ели Медика-25, Ројал Медика–14, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб – 5, Жан Митрев Струмица – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.115.

Досега во земјата се направени вкупно 1.449.036 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.220,бројот на оздравени пациенти е 196.249, на починати е 7.436, а бројот на активни случаи изнесува 8.535.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: