Починаа девет лица, 580 нови случаи на ковид 19

Во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на ковид-19.

Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (88,71 и 77г), еден од Битола (73г), тројца од Струмица (71, 76 и 66г), еден од Кичево (86г) и еден пациент од Ресен (72г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, на починати е 2559, а бројот на активни случаи изнесува 18046.