
Двајца Иранци починале во средата во болница откако е потврдено дека биле заразени со новиот тип коронавирус Covid-19, објави иранската новинска агенција Mehr.
Станува збор за првите два потврдени случаи на коронавирусот во Иран. Починале во светиот шиитски град Ком, а смртта ја потврдил деканот натамошниот медицински универзитет.
„Двајца Иранци, кои претходно беа позитивни на новиот коронавирусот, починаа од респираторна болест, рекол.
Нивната смрт на Twitter ја потврди и портпаролот на иранското министерство за здравство, Киануш Џаханапур.
Иран претходно во средата ги потврди двата случаи на зараза на својата територија, кусо откако пристигнале позитивни резултати од тестовите. Министерството за здравство објави дека пациентите се ставен во карантин.
Првата држава која објави случај на зараза на Блискиот исток, беа Обединетите Арапски Емирати во јануари. Египет првиот сличај го потврди минатата седмица, а во средата објави дека тој пациент „повеќе не го носи вирусот“ и оди е на пат да кон заздравување.
Според последните податоци податоци, новиот коронавирус усмртил повеќе од две илјади лица во Кина. Иако бројот нови случаи е во пад втор ден по ред, властите дополнително ги заострија и онака строгите мерки на изолација во жаритештето на епидемијата, градот Вухан во централната покраина Хубеи.