Жителка на американскиот град Детроит, која била проглесена за мртва, одеднаш ги отворила очите додека била подготвувана за погреб во погребалното претпријатие, пренесе во вторникот локалниот телевизиски канал WXYZ-TV.
Екипа за итна медицинска помош во неделата примила повик откако 20-годишната Тамејша Бошамб престанала да дава знаци на живот. Лекарите половина час се обидувале да ја реанимираат девојката која не дишела, но по безуспешните обиди ја прогласиле мртва.
Потоа за смртта на девојката бил известен одделот за судска медицина, каде потврдиле дека Бошамб починала, и бидејќи не нашле траги на насилство, телото му било предадено на семејството без да се направи обдукција, за тие самите да изберат погребно претпријатите.
Меѓутоа, во погребалната куќа забележале дека девојката всушност не е почината и дека дишела.
„Ќе беше речиси балсамирана доколку не ги отвореше очите, ќе ја исцедеа нејзината крв. Тоа ќе беше настрашното (…) Тоа е еден од најлоште кошмари што луѓето може да си го замислат, да се повика брза помош а наместо тоа да да бидат испратени во погребално во вреќа за трупови. Во погребалното ја отворила вреќа, буквално со Тајша тоа се случило, и ја виделе жива со отворени очи“, го цитира телевизијата Џофри Фиџер, адвокатот на семејството на девојката.
Според него, тие еден и пол час кои ги загубала девојката откако била проглсена за мртва, може да бидат клучни за нејзиното закрепнување. Адвокатот не прецизирал во каква состојба е сега Бошамп, истакнувајќи само дека е жива и приклучена на апарат за вештачко дишење.
Претходно во понеделникот британскиот весник Daily Star извести за неовобичаен случај од пред една седмица кога 12-годишно девојче во Индонезија, кое било прголасено за мртво во болница, оживеало во текот на подготовките за нејзиниот погреб, но за жал, повторно починало по час и половина и покрај напорите на лекарите. Нејзиниот случај лекарите го припишуваат на феноменот враќање на спонтана циркулација или „Лазаров синдром“.