Педест и двегодишно лице е пронајдено починато во истражниот затвор во Шуто Оризари, извести Министерството за внатреши работи и истакнува дека екипа на мидицинаската помош констатирала дека нема траги на насилство.
Во понеделникот во 6,50 часот било пријавено дека во Затвор Скопје бил пронајден починат 52-годишниот И.С. од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била константирана смрт без траги на насилство, се вели во соопштението на МВР.