Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна oдлуката со која министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката „Детска радост“ во Автокоманда, објави на социјалните мрежи градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Но она што загрижува во овој случај, како што истакнува Стефковски, е одлуката на на министерката да ја врати на должноста разрешената директорка на градинката, што според него е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај.
„Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба“, објави градоначалникот Стефковски.