Почна да се расчистува опасниот отпад во селото Орман

Стартувавме со процесот за целосна дислокација на опасниот отпад од акумулаторски батерии-оловна згура во селото Орман кој неодамна беше откриен од страна на инспекциската служба на Општина Ѓорче Петров во координација со Државен Инспекторат за Заштита на Животна Средина, објави на Фејсбук градоначалникот на општината, Александар Стојкоски.

„Јавно сакам да се заблагодарам на Државен Инспекторат за Заштита на Животна Средина за одличната комуникација и координација на активностите.
Здравјето на граѓаните ни е најважно и нема да дозволиме ништо да ни застане на патот кон елиминирање на штетните влијанија и кон создавањето на здрава, квалитетна и еколошки одржлива животна средина.
Опасниот отпад ќе биде дислоциран по сите стандарди на друга локација која е предвидена за таков вид отпад. За таа намена, посебно е изработен и басен со бетонска подлога го геотекстил и геомембрана.
Очекувам за околу две недели целосно расчистување на локацијата. Наш приоритет остануваат исклучиво интересите на жителите на Ѓорче Петров“.