Почна имунизацијата против ковид-19 во Македонија (ВИДЕО)

Во модуларната болница во Скопје започна процесот на имунизација против ковид 19 во земјава. Вакцината прва ја прими здравствена работничка од Инфективната клиника.

Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

За денеска е предвидено вакцинирање на 260 здравствени работници, од вкупно 4000-те пријавени за вакцинација. Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.