Во Белгад, поточно во Храмот Св.Сава започна погребната церемонија на која последен поздрав ќе му се испрати на патријархот Иринеј, кој пред два дена почина како последица од Коронавирусот.
Во тек е литургијата која ја предводи митрополитот добробосански Христозом.
Како и вчера, телото е покриено со стакло, а ковчегот е поставен во средината на храмот. Присутни се сите владици и 16 свештеници,но и претставници на други верски заедници, а најавено е да оддржи говор и српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Редица од луѓе и во текот и ноќта, но и утринава се уште пристигнуваат да се простат од поглаварот на СПЦ, Иринеј, а епидемиолозите сметаат дека ваквиот последен поздрав е сериозен здравствен ризик.