Во Хамбург во понеделникот започна судскиот процес против тројца Ирачани поради сомневања дека планирале терористички напад со исламистичка заднина.
Првообвинетие 23-годишни Ирачани се уапсени уште во декември минатата година во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, најсеверната од шеснаесетте сојузни покраини на Германија,, по следењето на истражните органи.
Аспењата следеле по сознанијата дека нападот би можел да биде извршен кон крајот на минатата година, бидејќи осомничените во тој момент веќе имале изведено неколку пробни екслозии.
Според државното обвинителство, двајцата Ирачани биле радикализирани преку интернет и биле во контакт со припадници на џихадистичката терористичка организација Исламска држава. „Целта им била во нападот да убијат што е можно повеќе ‘неверници’“, се наведува во обвинението.
По пробните експлозии со направи произведени од барут кој се наоѓал во петарди, поради недоволниот ефект од екслозивот, обвинетите се обиделе да дојдат до експлозив ТНТ и запалки за бомби. Испораката не се остварила, бидејќи продавачот, еден Британец, во меѓувреме бил уапсен.
Екслозивната направа имале намера да ја сместат во еден автомобил, и поради тоа земале часови за возење. Истовремено 30-годишниот помагач, кои извесно време во Хамбург, се обидува на двајцата првообвинети да им набави оружје. Пресудите за сите тројца се очекуваат во декември.