Почна судењето на обвинетите за убиството на холандскиот новинар Де Фрис

Судењето на осомничениот за напад и возачот на автомобилот за бегство, вмешани во минатогодишното убиство на прославениот холандски криминалистички новинар, Петер Р. Де Фрис, започна во вторникот, а двајцата може да добијат доживотен затвор доколку бидат осудени.

Де Фрис беше убиен ланскиот јули во центарот на Амстердам, веднаш по излегувањето од студиото. Стана славен како истражувачки новинар откако во 1983 година беше грабнат пивскиот магнат Фреи Хајнекен, за кого во 1987 година го објави бестселерот. Во 2008 година ја доби наградата Еми, за известувањето во САД каде го истражуваше исчезнувањето на тинејџерката Натали Халовеј во 2005 година на Аруба и се веруваше дека ја убил Холанѓанец.

Шеесет ичетиригодишниот Де Фрис долги години добивал закани по животот, но одбиваше телохранители доделен од државата. Неговото убиство предизвика гнев во холандската јавност, но и загриженоста поради способноста на подземјето да елиминира истакната јавна личност која ја смета закана за своите интереси.

Обвинителите во вторникот на почетокот од судењето објавија дека 22-годишен Холанѓанец и 36-годишен Полјак се соочуваат со обвиненија за убиство и незаконско поседување огнено оружје. Двајцата биле уапсени неколку часови по убиството на автопат во Холандија наводно во автомобил подготвен претходно за бегство, Полицијата објави дека оружјето, за коешто се сомнева дека било користено за убиството, било пронајдено во автомобилот.

Обвинетиот Холанѓанец Делано Геерман рекол пред судиите дека не сака да го коментира обвинението. Вториот обвинет, Полјакот идентификуван како Камил Егиерт, рекол пред судот дека не е одговорен а убиството.

„Мојата улога во сето тоа беше само улогата на возач, не знаев ништо за убиството, ниту некого сум убил“, рекол Егиерт пред судиите.

Во оваа постапка им се суди само на осомничените извршители на убиството, додека продолжува истрагата за нарачателите на убиството, соопшти холандското обвинителство.