Почнува Лигата на шампионите – актуелниот шампион Манчестер сити против Црвена ѕвезда

Со натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х вечер ќе стартува фудбалската Лига на шампиони. Актуелниот европски првак, Манчестер сити е главен фаворит за освојување на трофејот и оваа сезона, а за негови најсериозни ривали за највисок пласман се сметаат Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Статистичката куќа „Gracenote“ непосредно пред почетокот на новата сезона во Лигата на Шампионите го објави фаворитот за освојување на најпрестижното клупско фудбалско натпреварување.

„Граѓаните“ имаат 37 отсто шанса за освојување на втората титула во клупската историја и се пред Реал Мадрид и Баерн Минхен кои имаат 13, односно 11 отсто шанса да го кренат трофејот.

Сите остнати клубови имаат шест или помалку отсто шанса да се радуваат на „ушкото“.

Од 18:45 часот вечер играат:

Милан – Њукасл и

Јанг Бојс – Лајпциг.

Шест натпревари ќе почнат во 21 часот:

Барселона – Антверпен

Феенорд – Селтик

Лацио – Атлетико Мадрид

Манчестер сити – Црвена ѕвезда

ПСЖ – Борусија Дортмунд и

Шахтјор – Порто.

Другите осум средби од 1. коло ќе се играат утре.