Американската телевизиска и филмска ѕвезда Лук Пери, најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс 90210“ почина денеска во Калифорнија на 52 години.
Тој претходно преживеа мозочен удар и беше префрлен во болница, но по неколкудневната борба тој починал.
Светските медиуми објавија дека тој починал опкружен со неговото семејство и пријатели.
Инаку пред извесно време, телевизиската мрежа Фокс официјално потврди дека ќе се снимаат нови епизоди од „Беверли Хилс“.