Почина осумнаесетгодишен фудбалер од Франција

Осумнаесетгодишниот фудбалер на францускиот второлигаш „Л Авр“, Сампа Диоп, починал ноќеска во сон, информираа од фудбалскиот клуб.

Ова е ужасен момент за сите нас, играчите, стручниот штаб, волонтерите и водството на клубот, рекоа од „ЛАвр“

Причините за смртта на Диоп, се уште не се познати.
Поради неговата смрт сите натпревари од првата и втората француска лига ќе почнат со едноминутно молчење.

Ова е дури петтата смрт на фудбалер за нешто повеќе од еден месец. По капитенот на „Фиорентина“, Давиде Астори, исто така поради застој на срцето во сон почина 18 годишниот бек на францускиот второлигаш„Турс“, Томас Родригез. Во средината на март во Норвешка почина Адриан Лилебек(21), играч на второлигашот „Конгсвингер“, а последната во низата трагедии се случи за време на натпреварот во втората хрватска лига, кога почина Бруно Бобан на возраст од 25 години.