Почина пешак прегазен во Прилеп

Возрасен 72-годишен маж вечера околу пладне бил прегазен на улицата „Александар Македонски“  во Прилеп, а подоцна им подлегнал на повредите во тамошната болница.

Врз настраданиот налетал автомобил „рено клио“ со битолски регистерски таблици управувано од 23-годишник, исто така, од Прилеп.

Пешакот бил пренесен во Општата болница во Прилеп каде лекар констатирал смрт. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот