Британскиот актер Морган Шепард, кој стана познат по своето учество во англиската серија „Doctor Who“, почина на 86-годишна возраст во Лос Анџелес.
Шепард честопати глумеше во ТВ серии со неговиот син Марк Шепард. Тој е роден во Лондон и дипломирал на Кралската академија за драмски уметности. Потоа често настапува во изведби на Бродвеј.
Во светот на филмот Шепард влезе во 60-тите години на минатиот век. Тој беше забележан по улогата во „Човекот-слон“ на Дејвид Линч.