Почна гласањето на каталонскиот референдум

Каталонските избирачи започнаа во неделата утрото по 9 часот да класата на референдумот за независност, кој го забрани шпанската влада и за негово попречување ангажираше дополнителни сили од другите краеви на земјата.

Каталонската влада соопшти во неделата дека ќе го одржи референдумот за на независност на Каталонија, кој го оспорува централната влада во Мадрид за незаконски го прогласи Уставниот суд на Шпанија, и ги повика гласачите на кое и да е гласачко место коешто е отворено, во случај полицијата да го затворила нивното избирачко место, како и дека може да ги користат гласачките ливчиња кои самите ги испринтале дома, бидејќи добар дел од изборниот материјал е запленет.

„Луѓето чиишто избирачки места се затворени, ќе може да гласаат на кое и да е друго место“, изјави портпаролот на каталонската влада Жорди Турули на прес-конференцијата во Барселона. Тој додаде дека се применува системот кој ќе осигури ниеден гласа да не може двапати да гласа.

Објавувањето на каталонската влада доаѓа истовремено со потезите на шпанската влада која ги користи сите средства да го спречи одржувањето на, според нејзините тврдења, „нелегалниот“ референдум.

Пред неколку дена владата заплени најмалку 12 милиони гласачки ливчиња, а многу интернет страници беа блокирани. Мадрид, исто така, во Каталонија го згасна системот за електронско гласање.

Истовремено, шпанскиот министер за внатрешни работи изјави дека полицијата и Цивилната гарда започнале со запленување на гласачките кутии и избирачкиот материјал од каталонските избирачки места.

Шпанската интервентна полиција започна со распоредувањето на своите сили во областа на Барселона во неделата малку пред планираниот почеток на гласањето во 9 часот, пренесува весникот El Pais.

Видео снимката објавена на интернет страницата на весникот ја покажува интервентната полиција соочена со група гневни гласачи во близина на гласачко место во една училиште во Барселона. Гласачите ги креваат рацете и извикуваат „надвор“.

Националната полиција е распоредена откако каталонската полиција не ги затвори избирачките места во согласност со судската одлука.

Првите процени за излезноста на гласачите на забранетиот референдум ќе бидат објавени пред пладнето, соопшти каталонската влада.