Седми ден кампања за локалните избори

Митинзи и средби со граѓани низ повеќе градови и населени места ќе одржат денеска партиите, коалициите и независните кандидати, кои учествуваат на локалните избори закажани за 15 октомври годинава.

Карванот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Карбинци и Лозово и митинзи во Свети Николе и Штип.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средба со граѓани во Ранковце и Старо Нагоричане и митинзи во Крива Паланка и Куманово.

Демократската унија за интеграција ќе одржи митинзи во Битола и Ресен.

Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.