![erdogan crkva](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/5d45847318c7731bb8547bde.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во мегалополисот Истанбул во саботата започна изградбата на црквата на сиријаковитската православна заедница, што е првиот христијански храм кој се гради од воспоставувањето на современата турска држава.
Сиријаковитската (сиријачка) православна заедница од турската влада побара градење нова црква во истанбулскиот кварт Јесилкој пред десет години. Владата даде одобрение за градењето во 2015 година, потсетува агенцијата Anadolu.
„Ја гледам оваа нова црква како богаство за Истанбул. Честитам на тоа. Нема и нема да има место за дискриминација во нашите умови. Сите кои ја сакаат и се верни на Тирција се граѓани од прв ред во нашите очи“, изјавил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на свеченоста по повод положувањето и осветувањето на темелите за новата црква.
Ердоган, исто така, рекол дека црквата треба да биде завршена во рок од две години, а е наменета за верските потреби на заедницата од 17.000 православни Сиријаци или Асирци кои живеат во Истанбул.
Се верува дека уште 8.000 припадници на оваа една од шесте Древноисточни цркви признати од трите Вселенски сабора, наречени уште и „нехалкидонски“ живеат на истокот и југоистокот од Турција. Сиријаците, познати и како Асирци, го исповедаат древниот источен христијански обред.
„Ова е историски ден“, рекол меѓу другото митополитот на Сиријачката православна црква за Истанбул и Анкара, Јусуф Четин.
Муслиманите сочинуваат 99 отсто до целото население на Турција, којашто според уставот е строго секуларна држава. Меѓутоа, христијанските малцинств во Турција досега можеа само да ги реновираат главно древните храмови, а не да градат нови.
Ердоган уште рекол дека Турција моментно е домаќин на речиси четири милиони милиони Арапи, Курди и Туркмени, како и муслимани, Асирци и Езидии кои потекнуваат од Сирија и Ирак.
„Од Шпанија до Северна Африка, портите и срцата на Турција се отворени за сите угнетени“, рече Ердоган, потенцирајќи дека „немаше и никогаш нема да има простор за дискриминација во нашите умови и срца“