Почна новата учебна година. Од денес околу 275.000 основци и средношколци седнаа во училишните клупи. Годинава, за првпат во училиште тргнаа и околу 20.000 првачиња.
По повод отпочнувањето на новата учебна година министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми ќе го посети Основното училиште „Пашко Васа“ во село Групчин, општина Желино.
Инаку, од вкупниот број ученици во земјата, околу 190.000 се основци и околу 85.000 средношколци.
Во Македонија има 105 средни и 337 основни училишта.