Почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година

Во Собранието денеска почна расправата по Предлог-буџетот за 2018 година. Предложениот буџет е на дневен ред во Комисијата за финансирање и буџет, каде пред членовите го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски.

– Предлог-буџетот на Република Македонија за 2018 година е најдобра рефлексија на ангажманот на новата Влада за постигнување на клучните цели и приоритети на општеството повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на  вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување на повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграционите процеси за ЕУ и НАТО, рече Тевдовски.