Почна шестата лидерска средба

Во Клубот на пратениците во Скопје почна шестата средба на лидерите на четиите најголеми партии во Македонија , Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА, во обид да се најде решение за излез од политичката криза во земјава.

Премиерот Груевски е придружуван од шефот на дипломатијата Никола Поповски, Заев од  Радмила Шеќеринска, потпретседател на СДСМ, Ахмети од пратеникот Артан Груби, а Тачи од Имер Алиу, координатор на пратеничката група на ДПА.

На денешната лидерска средба како набљудувачи присуствуваат амбасадорите на САД и ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав.

Средбата беше договорена по разговорите на партиските лидери одржани на 19 јуни исто така во Клубот на пратениците, а на кои тие уште еднаш ја потврдија нивната целосна посветеност на договорот од 2 јуни постигнат со посредство на евокомесаротза преговори за проширување и европска соседска политика, Јоханес Хан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.