Под руските гранати Зеленски го чека кандидатскиот статус за ЕУ

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата ја поздрави очекуваната понуда на Европската унија за статусот кандидат за членство на неговата земја зафатена од војната, а Киев извести дека проруските сепаратисти и руската војска го гранатирале вториот најголем украински град Харков и остатоците од источната област Донбас кои сѐ уште се под контрола на украинските сили.

Челниците на земјите од ЕУ на состанокот во Брисел во четврток формално ќе го започнат долгиот пат на Украина за членство во Унијата. Иако симболичен и вон сите правила за овој процес особено што оваа земја секогаш е остро критикувана поради недостиг од владеење на правото и особено за ендемската корупција, како што се надеваат  во Брисел, овој потег ќе придонесе за подигнување на моралот на Украина од којашто изминатите четири месеци поради војната милиони се раселија низ Европа а огромна инфраструктура е уништена.

„Верувам дека сите 27 земји членки на Европската унија ќе го поддржат нашиот статус кандидат. Тоа е нашата светлина на крајот од тунелот“, рече Зеленски во обраќањето пред учениците на Мунк школата за глобални работи и јавна политика во канадски Торонто.

Меѓутоа, Зеленски сега ќе се соочи со поголеми проблеми до задоволувањето на стандардите на ЕУ поврзани со корупцијата, во којашто и самиот него го поврзуваат, и реформата на државната администрација, имајќи предвид дека на украинската војска поради жестоките борби во Донбас и недостига муниција.

Руските сили го гранатирале во средата вториот најголем украински град Харков и притоа според украински извори загинале најмалку дваесет лица. Во Киев тоа го оценуваат како обид да се повлечат украинските сили од главното боиште поради заштита на цивилите.

Руското министерство за одбрана од минатата седмица објавија дека на главното моментално боиште во Северодоњецк на работ на административните граници на одметнатиот проруски регион, бројно значителни украински единици се опколени и ги повика на предавање. Иако се урнати сите три моста кои го поврзуваат соседниот Лисичанск кој е под контрола на Киев, на украинските трупи кои уште пружаат отпор во Северодоњецк помош им доаѓа со гумени чамци преку реката.