Подгорица можно е да се стави под карантин

Член на медицинскиот штаб и директор на домот за здравство во Подгорица, Небојша Кавариќ, денес не ја исклучи можноста да се затвори главниот град под карантин во Црна Гора.

Во Подгорица во моментов активни се 118 случаи на заразени со коронавирусот.

-Епидемиолошката ситуација и порастот на бројот на заболени е загрижувачки. Доколку граѓаните не се одговорни и не ги практикуваат мерките за заштита, ќе предложиме и затворање на главниот град Подгорица, соопшти Кавариќ.