![studeno_vreme](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/studeno_vreme.jpg?resize=640%2C466&ssl=1)
Од недела попладне подрачјето на Македонија ќе потпадне под влијание на студен и влажен бран од кој најпрвин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Во текот на ноќта кон понеделник врнежите ќе се прошират насекаде, на планините ќе бидат од снег и ќе започне да дува засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во понеделник преку ден ќе биде студено и ветровито со повремени врнежи од дожд,а врнежи од снег се очекуваат и на некои повисоки места, особено во западните деови. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Дневната температура ќе биде релативно ниска, во интервал од три до девет степени.
Според УХРМ, и во вторник ќе биде студено и ветровито со услови за слаб снег, главно во источните делови.