Се очекува да дува засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневните температури во следните денови.
За утре метеоролозите најавуваат сончево со умерена облачност и температура од пет степени во Тетово, Маврово, Крива Паланка и Берово, додека највисоката дневна ќе биде 10 степени во Гевгелија.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална дневна температура до седмиот степен.