Окружниот обвинител во Менхетен поднесе обвинение против американскиот продуцент Харви Вајнстин за силување и кривично сексуално дело.
Како што е образложил обвинителот, Сајрус Р. Венс, Вајнстин е еден чекор поблиску до одговорноста за наводните напади врз две жени во Њујорк. Адвокатот на Вајнстин, Бенџамин Брефмен рече дека жестоко ќе го брани својот клиент и ќе побара од судот да го повлече обвинението.
Како што е наведено, обвинението беше подигнато само неколку часа откако беше Брефмен објави дека Вајнстин одби да сведочи пред големата порота, бидејќи тој немал доволно време да се брани, како и дека политичкиот притисок го направил обвинението „неизбежно“.
Во петокот Винестеин беше обвинет за силување на жена и присилување на орален секс, а големата порота продолжи да ги испитува доказите. Продукцентот има право тајно да сведочи пред големата порото.
Во меѓувреме, Вајнстин беше пуштен да се брани од слобода со кауција од 1 милион долари и електронско следење, а повторно треба да се појави пред судијата на 30-ти јули.
Иако обвинет за силување и сексуално малтретирање од страна на неколку десетици жени, неговиот адвокат Брефман вели дека Вајнстин е убеден дека ќе ја „измие дамката од неговото име“.