Германското Биро за заштита на уставниот поредок (BfV), по четиригодишно следење, во средата го прогласи подмладокот на десната европскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) за екстремистичка организација.
„Повеќе нема никакви дилеми дека подмладокот на партијата Алтернатива за Германија го следи целите кои се спротивставени на уставниот поредок на Сојузна Република Германија“, изјави директорот на Бирото за заштита на уставниот поредок, Томас Халдеванг.
Бирото од 2019 година ја стави организацијата на младите членови на AfD е под надзор следејќи ги нејзините активности поради сомневање за екстремизам.
Покрај подмладокот на AfD, како десни екстремистички организации се прогласени и здруженијата „Еден отсто“ и „Институтот за државна политика“, кои меѓу политилозите важат делови од тјн „Нова десница“.
„Позициите на овие организации не се споиви со уставот“ на државата, тврди Халдеванг.
Во објаснувањето на одлуката се наведува дека организациите кои денеска се окарактеризирани како екстремно десни „го целат изопштувањето на групите кои ги сметаат за туѓи“ и „настојуваат таквите позиции да ги позиционираат како општоприфатени во општеството“.
„Задачата на Бирото за заштита на уставниот поредок, со цел да биде заштитен слободниот демократски поредок, е јасно да укаже на ваквите настојувања“, се наведува во објаснувањето.
Подмладокот на AfD, како што се наведува натаму, се обидува доселениците кои доаѓаат од земји надвор од Европа да ги карактеризира како групи кои е невозможно да бидат интегрирани во германското општество, со што се шири непријателство и се разгорува омраза насочена против овие доселенички групи.
Со прогласувањето на овие организации за „екстремно десни“ му се овозможува на германското Биро за заштита на уставниот поредок засилено следење на активностите на членовите. Лицата од овие организации кои вршат јавни дејности и кои се обврзале на германскиот устав може да подлежат на правни последици, а се доведува и во прашање можноста на нивните членови да бидат вработени во јавниот сектор.
А издавањето на дозволите за носење оружје за припадниците на организациите кои се ставени на листата на BfV како екстремно десни е речиси невозможно.
Денешното прогласување претставува политички удар за партијата AfD, која е основана во 2013 година како партија која се противеше на еврото во текот на должничката криза во еврозоната, но набрзо се отклони и в десно со противдоселеничките ставови. Набрзо стана нејуспешната десна крајно десна партија во Германија по Втората светска војна и своевремено беше третата политичка сила во земјата.
Во моментов АfD има поддршка од 15 до 17 отсто, зад Зелените и владејачките социјалдемократи од SPD, и се смета дека тоа е резултат на нејзината капитализација на растечкиот гнев на германските избирачи поради растот на цените на енергијата и воопшто на зголемената инфлација поради воведувањето на санкциите противи Руисија.