Поднесено обвинение за убиството во угостителски објект во Кичево

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за сторено кривично дело „убиство“. Со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Како што соопшти Јавното обвинителство, станува збор за инцидентот од 29-ти декември 2018 година, кога обвинетиот околу 17 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот.

Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање на некоја работа, обвинетиот го нападнал оштетениот, нанесувајќи му смртоносни убоди со нож.