Германскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Лукас Подолски јавно призна дека не е многу задоволен од минутажата која ја добива предводникот на “топчиите”, Арсен Венгер.
„Точно дека играм на последните неколку првенствени натпревари. Сепак, најчесто не играм до крајот на натпреварот, играм до 60 или 70 минута. Нормално дека не сум задоволен, нормално дека не сакам да бидам заменет. Последниот збор го има Венгер. Нормално дека не е лесно да се игра за еден толку голем клуб каков што е Арсенал, но не убаво и натпреварите да ги следиш од клупата за резервни фудбалери. Не можам да бидам среќен со ваквата ситуација, не сум задоволен од минутажата”, изјави репрезентативецот на Германија.
Англиските медиуми се убедени дека крилниот напаѓач ќе побара да биде продаден за време на летниот преоден рок, а за неговите услуги, најголем интерес имаат покажано челниците на Интер, Атлетико (М) и Борусија од Дортмунд.