Погба не би ги чистел ниту копачките на легендите на „Јунајтед“

Поранешниот фудбалер на „Саутемптон“, „Њукасл“ и „Блекбурн“ и најефикасниот играч во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер остро го критикуваше Пол Погба. Ширер за таблоидот „Сан“ го коментираше конфликтот меѓу менаџерот на „Манчестер Јунајтед“, Жозе Мурињо и Погба.

Португалецот неодамна му рече на Французинот дека не е повеќе капитен, но камерите на тренингот на „Јунајтед“ ги снимиле острите погледи и размената на тешки зборови меѓу Погба и Мурињо. Младиот Французин, исто така, за време на еден од натпреварите на „Олд Трафорд” многу се забавувал и тоа го прикажал на Инстаграм, што многу го налутило Мурињо.

Во овој „Манчестер Јунајтед“ играчите го срамотат клубот со својот став. Гледаме слики од тренинг каде се расправаат со Мурињо, се смеат на трибините додека ниниот тим губи. Кога играв клубовите имаа моќ, сега моќта е во рацете на играчите. Погба е најскапиот играч во историјата на „Јунајтед“, но кога ќе се спореди со најголемите играчи на клубот можам да кажам дека тој не би ги чистел копачките на шампионите кои ја создаваа историјата на „Олд Трафорд“, порача Ширер.