Иако минатата недела имаше информации дека Пол Погба почнал да размислува за продолжување на соработката со Манчестер Јунајтед, изгледа дека ситуацијата не е баш толку сјајна.
Идното лето тој станува слободен играч, а до моментов нема никаков абер од потпишување нов договор. Во Јунајтед полека се помируваат со судбината и почнаа да бараат алтернатива за најскапиот фудбалер во историјата на клубот.
Во конкуренција се тројца фудбалери. Првиот е Деклан Рајс иако до лето неговиот трансфер е невозможна мисија. Вториот е Френк Кеси од Милан за кого е заинтересирана и Барселона, а третиот е Тангуј Ндомбеле од Тотенхем кој е и најскап и изнесува 80 милиони евра.