![pol-pogba-640x427](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/pol-pogba-640x427.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба изјави дека неговите одлични настапи во последните натпревари се должат на фактот дека добил „слобода” на теренот од новиот тренер на „црвените ѓаволи” Оле Гунар Солскјаер.
Со Солскјаер играм и малку понапред и сигурен сум во себе. Тој ми даде слобода да напаѓам и да бидам заедно со останатите тројца во првите редови, изјави Погба по вчерашната победа над Тотенхем со 1:0.
Во последните неколку месеци, пред да дојде нашиот нов менаџер, бев на клупата. Не знам дали постои фудбалер кој може да ја прифати таа состојба. Сега повторно чувствувам задоволство, играм повторно, го правам она што сакам, што е нормално. Ние повторно победуваме и играме секогаш со насмевка, заклучи францускиот репрезентативец.