Биди храбра и погледни зад градникот! Тоа е пораката на шесте дами: Александра Илиева, Тамара Ристовска, Катерина Шехтанска, Дани, Татјана Стојановска и Искра Канзурова, кои со поддршка на Lisca одлучија да ги мотивираат сите жени да се соочат со предизвикот на борбата против ракот на дојката.
Нивната порака, сублимирана во кампања „Погледни зад градникот“ е со превенција и информираност, жените да го надминат стравот од неубавите предизвици на животот. Запознавањето со опциите за превенција и лекување на ракот на дојката е единствената опција да најдат храброст за себе и да ги охрабрат најблиските, во случај на предизвиците од оваа болест.
Шесте дами кои ја прифатија кампањата Lisca, сакаат да покажат дека секоја жена може да пронајде храброст во себе, да се погледне зад градникот, но и да им даде поддршка на оние кои веќе се соочуваат со болеста која опфаќа околу 10% од женската популација во светот.