
Хрватскиот ракометар Денис Тот (28) кој почина на 8-ми април во Скопје како последица на претепување и удари кои ги добил при ноќно излегување, ќе биде погребан утре.
Според објавениот некролог од ожалостеното семејство, Денис ќе биде погребан утре на градските гробишта во родното Ѓаково, а погребот е закажан во 15 часот.
Во врска со случајот Јавното обвинителство сомничи три лица, мешу кои и 19 годишна девојка за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 вв член 22 од КЗ. Двајца од осомничени се лишени од слобода, додека по првоосомничениот кој е недостапен на органите на прогонот се трага и е распишан централен распис.
По извршената обдукција утврдено е дека иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесените удари.