Интензивни врнежи од снег има во малешевско-пијанечкиот регион и на Пониква, единствениот ски центар во источна Македонија.
Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“ во Штип, Кире Коцев, вели дека екипите веќе се на терен и го расчистуваат снегот од коловозите во Берово, Пехчево, кон граничниот премин кај Делчево. На терен се пет возила, а кон Пониква има и снегочистач.
Посебно апелирам до возачите, кои што патуваат на патните правци Кочани-Македонска Каменица-Делчево и Виница-Берово да внимаваат во клисурите, бидејќи имаме помали одрони, што се чистат од наша страна. Но, поради врнежите од дожд на овие патни правци има појава на мали одрони. Во моментов немаме никакво попречување на сообраќајот, вели Коцев.
Тој истакна дека останатите патни правци во источна и југоисточна Македонија се чисти и немаат проблеми со нивното одржување.
Извор: МИА