Полјаците се обидуваат да се пријават за вакцинирањe по неочекуваната промена на политиката

Полјаците во четвртокот рано утрото побрзале да се пријават за вакцинирањ против Covid-19, откако владата во Варшава ненадејно преку ноќта овозможи регистрација за лицата повозрасни од 40 години, а поради големиот пријави обидот резултираше со пад на системот.

Повеќе од два милиона Полјаци досега ги примиле двете дози од вакцините против коронавирусот.

Главниот владин советник за програма за имунизација, рече дека се намалиле стапктие на пријавите на повозрасните лица, па владата решила да го прошири пристапот за пријавување за вакцинирањето.

„Во изминатите два дена забави пријавувањето на лицата над 60 години, па решивме да го отвориме пријавувањето на лицата кои изразија подготвеност за тоа уште во јануари“, изјави Михал Дворжик за приватното радио RMF FM.

Додаде дека на лицата меѓу 40 и 60 години, коишто изразиле подготвеност за вакцинирање, во текот на ноќта кон четвртокот им е испратена препорака да се пријават за вакцинирање.

Пратениците од полската опозиција го критикуваа неочекуваниот потег на владата.

„Драго министерство, таквите промени би требало да се објават јавно во моментот на почнувањето! Луѓето не би требало да дознаат за тоа од вашиот одговор на мојот Twitter“, објави левичарскиот пратеник Адријан Зандберг.

Поради навалицата на системот, тој паднал а Дворжиј на прес-конференција изјави дека регистрирањето на лицата меѓу 40 и 59 години ќе биде привремено прекинато на неколку пчаса, за да се отстранат техничките проблеми.

Полска, која има 38-милионско население, е зафатена од третиот бран од пандемијата на коронавирусот која го доведе здравствениот систем на земјата до крајните граници, а болниците во некои региони остануваат без респиратори.

Во четвртокот Полска потврди 35.251 нови случаи за коронавирусот, што претставува нов дневен рекорд, покажуваат последните податоци на тамошното министерство здравство. Од почетокот на пандемијата земјата регистрирала 2.356.970 коронаинфекции и 53.665 починати.