На францускиот фудбалски репрезентативец Пол Погба му се заканува крај на кариерата откако доби позитивен тест за допинг, објави италијанската новинарска агенција АНСА.
Фудбалерот на Јувентус е позитивен на тестостерон по стандардното тестирање на допинг направено по натпреварот против Удинезе.
На 3о-годишниот фудбалер сега му претстои и второ тестирање по кое треба се потврдат првичните резултати. Со оглед на тоа што ретко кога овие случаи се негираат по двете тестирања на Французинот му се заканува долга суспензија.