Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Мексико. Холанѓанецот вечерва стигна до втората пол-позиција оваа сезона и воопшто во неговата кариера.
Второ и трето време забележаа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Себастијан Фетел.
Квалификациската трка беше прекината поради несреќата на Валтери Ботас (Мерцедес) кој го скрши својот болид во последната кривина. Ботас до инцидентот имаше шесто време.
Поредок на првите 10 на стартот за главната трка на Гран-при Мексико:
- Макс Верстапен (Ред Бул) – 1,14,758 минута
2. Шарл Леклер (Ферари) – 1,15,024
3. Себастијан Фетел (Ферари) – 1,15,170
4. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 1,15,262
5. Александар Албон (Ред Бул) – 1,15,336
6. Валтери Ботас (Мерцедес) – 1,15,338
7. Карлос Саинц (Мекларен) – 1.16.014
8. Ландо Норис (Мекларен) – 1,16,322
9. Данил Квјат (Торо Росо) – 1,16,469
10. Пјер Гасли (Торо Росо) – 1.16.586.
Почетокот на утрешната трка е во 20 часот и 10 минути по македонско време.