Од ден на ден се’ поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на хрватскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Интер, Матео Ковачиќ.
Репрезентативецот на Хрватска се почесто ја грее клупата за резервни фудбалери, а предводникот на „нероазурите” се почесто шанса во првиот тим дава на бразилскиот интернационалец Хернанес.
Хрватските медиуми се убедени дека Ковачиќ нема уште долго да ја толерира таквата ситуација и дека пред официјалниот страт на летниот преоден рок ќе испрати барање до клупските челници да му дозволат промена на клупската средина пред стартот на Мундијалот во Бразил.
Поранешниот играч за врска на Динамо (З) е проценет на 15 милиони евра, а таквото побарување нема да претставува никаков проблем за раководните лица на Арсенал, Тотенхем, Челзи и Борусија Дортмунд.