Полицајци спасија давеник кој самиот се фрлил во Вардар

Во саботата во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош.

Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци.

Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември