Полицајци откриле 13 мигранти од Сирија, кривична за две лица

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г.(21) и И.К.(27), двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и  „соизвршителство“ во врска со „криумчарење мигранти“.

На 31.10.2023 во с.Давидово, при преглед на патничко возило „фолксваген туарег“, кое го управувал првопријавениот, полициски службеници откриле 13 мигранти од Сирија.

Второпријавениот, со патничко возило „мазда“ бил претходница и учествувал во прифаќање на мигрантите.